(Видео) Артета: Дваесет години сум во оваа земја и сега се срамам

Видео-Артета-Дваесет-години-сум-во-оваа-земја-и-сега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Арсенал го претрпеа првиот првенствен пораз сезонава откако во последниот саботен натпревар од 11. коло на англиската Премиер лига на гостувањето кај Њукасл беа поразени со 0:1. Во меч со малку шанси на двете страни, решавачкиот гол го постигна Ентони Гордон во 64. минута. Тренерот на Арсенал, Микел Артета се нафрли на судиите по натпреварот.


„Како по ѓаволите тоа беше регуларен гол? Срам ми е и штета е што беше примен таков гол. Од неколку причини”, изјави Артета по натпреварот за моментот на одлуката, кој беше проверен од ВАР од три причини. Беше спорно дали топката го напушти теренот пред аутот, дали Џолинтон направи прекршок над Габриел и дали стрелецот беше во недозволена позиција.

„Тешко е да се натпреваруваш на ова ниво, ваквиот критериум за судење не е ни блиску до докажување дека ова е најдобрата лига во светот. Згрозен сум што сум дел од неа. Влогот е превисок. Играчите играа добро и не требаше да заврши вака, не заслуживме да загубиме. Ова е штета. Си го трошам времето, си го трошиме времето. Не сакам другите да одлучуваат за мојата судбина“, продолжи тој во острата критика по натпреварот.

„Дваесет години сум во оваа земја и сега се чувствувам засрамен. Се трудиме да правиме неверојатни работи и да бидеме на највисоко ниво секоја недела. Ова едноставно не беше цел. За да биде валиден гол, мора да биде претходат работи кои се дозволени во фудбалот. Овде, во Кина, Јапонија, Италија, Португалија и Шпанија. За тоа се работи“, додаде тој.



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK