Јунајтед во криза, а неговата ѕвезда се журка – за тренерот тоа е неприфатливо

Јунајтед-во-криза-а-неговата-ѕвезда-се-журка-–-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер Јунајтед по првите 10 кола од англискиот шампионат има пет победи и пет порази. Во последниот натпревар беше убедливо поразен од градскиот ривал Сити (0:3), а по тој натпревар ѕвездата на Јунајтед, Маркус Рашфорд реши да го прослави својот 26-ти роденден. Ова го налути тренерот на тимот, Ерик тен Хаг.


Јунајтед потфрли на последниот првенствен натпревар. На тој меч имаше повеќе капитени (Касемиро, Виктор Линделоф, Бруно Фернандеш) отколку удари кон голот (два), па многумина беа изненадени од одлуката на Рашфорд да слави. Нема да добие клупска казна затоа што не се прослави во рок од 48 часа од следниот натпревар. Јунајтед загуби и со 0:3, овој пат против Њукасл во ЕФЛ купот. Сепак, Тен Хаг не беше задоволен од потегот на Рашфорд.

“Тоа е неприфатливо. Разговаравме и тој се извини и за нас тука завршува се. Тој е мотивиран да го поправи направеното, тој е целосно со нас. Направи грешка, но тоа не значи дека не се вклопува. Секој ден гледам што прави на тренинг, и тоа е се што знам“, изјави Тен Хаг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK