Иранка осудена на смрт поради неверство: сопругот ја начекал со друг маж

Иранка-осудена-на-смрт-поради-неверство-сопругот-ја-начекал-со.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првостепениот суд во Иран осуди жена на смрт поради прељуба, јавуваат државните медиуми.



Според медиумите, таа работела во женска теретана како тренер, а се вели дека нејзиниот сопруг контактирал со полиција во 2022 година, кога ја нашол со друг маж во нивниот дом, откако преку надзорните камери открил дека била во врска со други мажи., пишува „Н1“.

Таа може да поднесе жалба на првостепената пресуда.

Судовите во Иран понекогаш осудуваат луѓе на смрт со каменување поради прељуба, што може да се замени со полесни казни по жалба и повторно судење.

Во средата, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека Иран егзекутира луѓе со „алармантна брзина“. Тој рече дека најмалку 419 луѓе биле осудени на смрт во првите седум месеци од оваа година, што е за 30 отсто зголемување во однос на истиот период во 2022 година.

Во 2017 година, судот осуди жена на смрт поради прељуба, но немаше вести за егзекуција.

Во Иран, кривичните дела казниви со смрт вклучуваат прељуба, содомија, убиство, силување, вооружен грабеж, киднапирање и трговија со дрога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK