(Видео) Невреме низ Хрватска: Се излеа морето во Сплит и Задар, издадено предупредување

Видео-Невреме-низ-Хрватска-Се-излеа-морето-во-Сплит-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обилни врнежи зафатија дел од Хрватска, а синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за областите Риека, Книн и Сплит поради невреме со грмотевици придружени со силен ветер и можна појава на град на некои места, извести Дирекцијата за цивилна заштита.



Хрватски води издаде предупредување поради значително покачување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава.

„Обилните акумулирани врнежи на подрачјето на Хрватска и возводно соседните земји ќе предизвикаат значително зголемување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. Според хидролошките модели и понатамошната прогноза за обилни врнежи, нагло покачување на водостојот се очекува и кај помалите притоки“, предупредуваат од Хрватски води и додаваат:

„И денеска поради обилни и интензивни врнежи и грмежи на подрачјето на Горски Котар, Лика и целиот Јадран и неговата внатрешност, постои можност за поројни и урбани поплави“.

Поплавен е и брегот во Задар.

Во некои делови на Задар морето навлегло во дворот на куќите.

Сплит беше погоден од бура од југ и морето се излеа на брегот.

Проблеми на патиштата предизвика и силниот дожд во внатрешноста на Шибеник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK