Четириесетгодишниот тетовец Б.В., вчера во 13 часот во СВР Тетово пријавил дека претходната вечер во казино на улица „Маршал Тито“ во Тетово две машки лица кај вработената размениле 900 долари во апоени од по 100 долари, за кои набргу било утврдено дека се фалсификувани, извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.