Русија денеска со беспилотни летала нападна цивилни области, предизвикувајќи пожар во украинскиот регион Харков, соопштија денеска локалните власти.
Градоначалникот на Харков најави дека пожарникарите го гаснат пожарот и дека се уште се утврдува дали има жртви во нападот, пренесува Гардијан.
Сирените за воздушен напад се огласија и во други региони – во централна, западна и источна Украина.