Бурата „Киаран“ доаѓа на северот на Европа и се заканува со поплави и 10-метарски бранови

Бурата-„Киаран-доаѓа-на-северот-на-Европа-и-се-заканува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велика Британија, Белгија, Холандија и Франција се подготвуваат за пристигнувањето на силната бура Киаран во ноќта кон четврток. Силната есенска бура може да донесе ветрови со брзина од 170 километри на час на места, силен дожд и бранови од десет метри.


Опасноста се заканува особено на голем дел од северозападна Франција, белгиските брегови и југозападна Англија и надворешните делови на Велс. Од денеска полноќ до четврток наутро, три француски крајбрежни департмани во Бретања и Нормандија ќе бидат под највисока црвена тревога поради силни ветрови, соопшти Метео-Франс.

Портокалова тревога е прогласена во два бретонски департмани бидејќи се очекуваат обилни дождови, поплави и високи бранови. Киаран (црн на ирски) би можел да ја погоди областа со налети на ветер од 130 до 150 километри на час, според француските синоптичари. Во вториот дел од ноќта се очекува втората фаза од невремето, посилно, особено во Бретања и Нормандија, со удари на ветер од 170 километри на час.

Седумнаесет француски департмани југозападно и северно од Париз ќе бидат под портокалова тревога поради заканата од високи бранови, ветер, дожд и поплави. На француското атлантско крајбрежје се очекуваат бранови од осум до десет метри, предупредија властите. Поради пристигнувањето на невремето, француската железничка компанија SNCF го прекина сообраќајот на регионалните возови и неколку линии супербрзи возови.

Во Обединетото Кралство, портокалово предупредување за силен ветер е издадено за југо-југозападна Англија, рабовите на Велс и Ла Манш. Се очекува брзина на ветерот од 100 до 135 километри на час. Обилни врнежи се очекуваат во североисточниот дел на Англија, до Шкотска и на истокот на Северна Ирска, која веќе е зафатена од поплави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK