Македонските државјани во Газа се на списоците за евакуација, истата треба наскоро да се реализира, соопшти МНР

Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.


„Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција“, велат од МНР.

Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK