(Видео) Дипфејк видео на Тејлор Свифт како зборува мандарински стана вирално во Кина и предизвика дискусија за вештачката интелигенција

Видео-Дипфејк-видео-на-Тејлор-Свифт-како-зборува-мандарински-стана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го привлече вниманието на своите кинески фанови оваа недела кога клип на кој зборува течно мандарински стана вирален на социјалните мрежи во Кина.


Во видеото објавено на популарната социјална платформа Веибо“, 33-годишната пејачка се пофали со своите вештини за зборување мандарински во некаква емисија што изгледа како ток-шоу.

„Неодамна, бев на многу места, како Италија, Франција и Јапонија,“ вели Свифт на мандарински со благ американски призвук.

Видеото беше споделено на 21 октомври и оттогаш има над шест милиони прегледи.

Во друго видео, Свифт зборува за песни кои се запоставени и како би сакала луѓето да ги слушнат овие песни.

Сепак, Свифт својата способност да зборува на мандарински јазик ја должи на вештачката интелигенција.

Овие дипфејк видеозаписи биле генерирани со алатка на вештачка интелигенција од „Хејџен“ (HeyGen), кинески старт-ап, пренесува порталот „Чајна проџект“ (The China Project).

Движењата на усните се синхронизирани за да изгледа како да зборува на мандарински, а звучи како гласот на Свифт, правејќи ги видеата толку реални што ги натера кинеските корисници на интернет да ја изразат својата вчудовиденост од технологијата, со коментари како: „Ова е прекрасно!“

Но, исто така, поттикна дискусија за потенцијалните стапици што ќе се појават кога вештачката интелигенција ќе стане понапредна, како на пример појава на измами, губење на работни места итн.

„Најстрашното нешто е некој да ја користи оваа технологија за да прави лажни вести – бидејќи вештачката интелигенција е способна да манипулира со гласот и движењето на устата – луѓето лесно ќе поверуваат,“ напиша еден интернет корисник.

Друг корисник на „Веибо“ напиша дека би било страшно АИ-технологијата (вештачката интелигенција) да служи за измами, бидејќи криминалците можат да ја користат за да мамат жртви за пари.

Видео генераторот напојуван со вештачка интелигенција (алатка за генерирање видеа) им овозможува на корисниците да креираат видео со говорење – преку 300 гласови на повеќе од 40 јазици –  користејќи над 100 АИ-аватари од различни етнички групи, возраст, пози и облека.

Технологија како оваа предизвика загриженост за криминални примени на вештачката интелигенција. Оваа година, измамник во северна Кина употребил дипфејк технологија за да убеди еден човек да префрли пари на наводен пријател.

Измамникот користел технологија за замена на лица, напојувана со вештачка интелигенција, за да имитира пријател на жртвата во видео повик. Човекот на крајот му префрлил околу 4,3 милиони јуани.

Во јануари, Кина воведе нови правила кои бараат од бизнисите кои нудат дипфејк услуги да ги добијат вистинските идентитети на своите корисници.

Според новите правила, секоја дипфејк-содржина мора да биде соодветно означена за да се избегне забуна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK