Бројот на загинати во Газа надмина 8.000, соопшти палестинското Министерство за здравство

Бројот-на-загинати-во-Газа-надмина-8000-соопшти-палестинското-Министерство.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на загинати во израелските напади врз Газа од 7 октомври се искачи на повеќе од 8.000, соопшти палестинското Министерство за здравство во Рамала, повикувајќи се на извори под контрола на Хамас.


Речиси три четвртини (73 проценти) од убиените се од ранливи популации, вклучително и деца, жени и постари лица, се вели во извештајот на Министерството, а повеќе од 20.000 луѓе се повредени.

Пријавениот биланс на загинати вклучува 116 медицински лица. Дванаесет болници и 32 примарни здравствени центри се без работа поради воздушни напади или недостаток на гориво. Претходно, Министерството соопшти дека на 24 болници во северниот дел на Газа, со вкупен капацитет од 2.000 кревети, им е наредено да се евакуираат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK