СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нула проекти, нула резултати

СДСМ-2-години-локална-власт-ДПМНЕ-ги-изневери-граѓаните-нула.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Поминаа две години, половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во над 40 општини. Заклучокот по две години е јасен и очигледен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати. Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ“, велат од СДСМ.


Партијата пишува дека во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните.

„Општините под капата на ДПМНЕ наместо да се развиваат стагнираат. ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK