Би-Би-Си: Русите ги убиваат своите војници кои се повлекуваат пред Украинците

Би-Би-Си-Русите-ги-убиваат-своите-војници-кои-се-повлекуваат-пред.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија егзекутира војници кои се обидуваат да се повлечат од офанзивата во источна Украина, соопшти Белата куќа, повикувајќи се на докази собрани на терен, а пренесе Би-би-си.


„Некои од жртвите што Русија ги претрпе во близина на Авдиевка се од нивни команданти, кои наредиле да бидат погубени бидејќи почнале да се повлекуваат“, пренесува Би-би-си.

Руските и украинските војници се во жестока битка за градот на линијата на фронтот од средината на октомври. Се верува дека Русија претрпе значителни загуби во тоа време. Украинските проценки покажуваат 5.000 руски жртви во Авдиевка, додека Американците велат дека Русија изгубила најмалку 125 оклопни возила и повеќе од еден баталјон опрема, според написите.

Портпаролот на украинската армија изјави дека руските трупи одбиваат да ги нападнат украинските позиции кај Авдиевка поради големите загуби и дека некои единици се побуниле.

„Мобилизираните сили на Русија остануваат недоволно обучени, недоволно опремени и неподготвени за борба, како што беше случајот за време на нивната неуспешна зимска офанзива минатата година“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

„Русите ја користат стратегијата на човечки бранови, што значи дека фрлаат маса слабо обучени луѓе директно во борбата“, објасни Кирби и продолжи:

„Нема соодветна опрема, нема раководство, нема ресурси, нема поддршка. Не е изненадувачки што руските сили страдаат од слаб морал“.

Заземањето на Авдииека, која е во близина на Доњецк под руска окупација, ќе им овозможи на руските трупи да ја потиснат линијата на фронтот, што ќе им отежне на украинските сили да напредуваат понатаму во регионот. Претходно оваа недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша ситуацијата како „особено тешка“.

За да се олесни, од САД пристигнува нов пакет воена помош за Украина од 150 милиони долари, кој вклучува артилерија и муниција од мал калибар, како и противтенковско оружје.

Сепак, идната помош за Украина е доведена во прашање по изборот на републиканецот Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД претходно оваа недела. Тој се противи на натамошната американска помош за Украина и претходно ги поддржа амандманите за нејзино блокирање, пренесуваат медиумите во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK