Османи во официјална посета на Финска

Османи-во-официјална-посета-на-Финска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи.


Како што извести МНР, во рамки на посетата, тој ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.

За време на престојот во Хелсинки, Османи ќе го потпише Меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки, велат од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK