Лука Дончиќ со трип-дабл ја отвори новата сезона во НБА лигата. Словенецот го предводеше Далас, во дербито на Тексас, до победата над Сан Антонио Спарс со 126:119. За Сан Антонио дебитираше првиот пик на драфтот Виктор Вембањама.
Дончиќ, чии настап на овој натпревар беше под знак прашалник, влезе во историјата на НБА лигата.
Тој одигра 34 минути, во статистиката запиша 33 поени, 13 скока и 10 асистенции, со што стана само третиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал трипл-дабл со 30 или повеќе поени на отворањето на сезоната.
Оскар Робертсон го направи тоа двапати, во 1961 и 1966 година, а во поновата ера тоа му успеа само на Јанис Адетокумбо во 2019 година. Тој стана и првиот играч на Далас со трипл-дабл во првиот натпревар од сезоната.
Натпреварот кој се очекуваше поради дебито на Вембањама, новото кошаркарско чудо за кое стручњаците велат дека ќе доминира во наредните години, го одбележа сензационална игра на поискусниот Словенец, чиј тим минатата сезона го пропушти плеј-офот, во новата влезе со големи амбиции.
Кајри Ирвинг додаде 22 поени, Грант Вилијамс и Тим Хардавеј Јуниор по 17, а дебитантот Лајвли одлично се претстави со 16 поени и 10 скока.
Повеќе од 40 години никој не влезе во НБА лигата со најмалку 15 поени и 10 скока, со реализација од најмалку 80 отсто.
Вембањама, кој изгледаше одлично во претсезоната, рано влезе во неволји со личните грешки, одигра 23 минути во своето деби во НБА. Ги искористи за 15 поени и пет скока, а имаше и пет загубени топки. Тој во последните седум минути од натпреварот постигна девет поени од вкупниот учинок.
Девин Васел беше најефикасен кај Сан Антонио со 23 поени.
Резултати:
Шарлот – Атланта 116:110
Индијана – Вашингтон 143:120
Њујорк – Бостон 104:108
Орландо – Хјустон 116:86
Бруклин – Кливленд 113:114
Мајами – Детроит 103:102
Торонто – Минесота 97:94
Чикаго – Оклахома 104:124
Мемфис – Њу Орлеанс 104:111
Јута – Сакраменто 114:130
Сан Антонио – Далас 119:126
ЛА Клиперс – Портланд 123:111
Foto/ EPA