Петмина македонски државјани заглавени во Газа, се чека отворање на граничниот премин

Петмина-македонски-државјани-заглавени-во-Газа-се-чека-отворање-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Петмина македонски државјани, меѓу кои и две деца чекаат да бидат евакуирани од Газа.



Од МНР велат дека тие изразиле интерес да се вратат во Северна Македонија.

“Потсетуваме дека покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата Амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите македонски државјани. За децата се обезбедени документи за нивно враќање во Северна Македонија, а од надлежните институции во Каиро и Тел Авив добиена е информација дека сите пет државјани се ставени на листата за евакуација, за што се чека одлука за отворање на граничниот премин Рафах“, велат од МНР

Исто така, информираат дека двете Амбасади на Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со сите наши државјани, кои во моментот се на безбедно.

Отворањето на граничниот премин е условено со состојбите на терен и во моментот граничниот премин е затворен.

Во меѓувреме, МНР работи на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваат на контактите: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK