Вчера во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З. (25) од Куманово поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.
М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.