Фатен бегалец од затвор, кумановецот бил осуден на казна од 11 години и 2 месеца

Фатен-бегалец-од-затвор-кумановецот-бил-осуден-на-казна-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 10.30 часот во атарот на село Добрешане, кумановско, Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишија од слобода лицето М.Ф.(35) од Куманово.



Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и 2 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.

М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK