Израел ќе одигра четири натпревари за девет дена

Израел-ќе-одигра-четири-натпревари-за-девет-дена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи за новите термини на одложените квалификациски натпревари за ЕП 2024 во групата И.


Натпреварите на Израел против Косово и Швајцарија беа одложени за време на октомвриската репрезентативна пауза поради случувањата во Појасот Газа. Според одлуката на УЕФА, тие натпревари ќе се играат во ноември, па се очекува репрезентацијата на Израел да одигра четири натпревари за само девет дена.

„Натпреварите кои беа закажани за октомври ќе се играат на 12 и 15 ноември“, соопшти УЕФА.

По натпреварите со Косово и Швајцарија, Израел го очекуваат дуелите со Романија на 18 ноември и Андора три дена подоцна, како што беше претходно предвидено.

Со оглед на тоа што Израел првите два натпревари ќе ги игра надвор од официјалниот распоред на репрезентациите, одлучено е клубовите да треба да пуштат барем по еден играч од секоја репрезентација, најмалку два дена пред закажаниот натпревар.

Пред решавачките натпревари, во групата И, Романија е на првото место со 16 бодови од осум меча, потоа Швајцарија со 15 од седум и Израел со 11 од шест меча и Косово со 7 од седум натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK