ВМРО-ДПМНЕ: СДС го бојкотираше Денот на револуционерната борба на македонскиот народ

vmro-sdsm-1024x683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека СДС, како што велат, го бојкотираше Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.


„Власта го помина 23 Октомври без поголема манифестација за одбележување на истиот.

Дали власта се срами од вековната револуционерна борба на македонскиот народ, која резултираше со денешната државност или причините се други?“, прашуваат од оваа партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, 23 Октомври е датумот и точката од која тргна организираната борба, без 23 Октомври немаше да има Илинден 1903, ниту АСНОМ 1944, а без тоа немаше да ја има независноста на Македонија.

Оттука, додаваат, запрепастува фактот што власта го избојкотира максимално Денот на македонската револуционерна борба, и уште еднаш покажува каков е односот на власта кон државата и државноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK