ВМРО-ДПМНЕ: Гладот и сиромаштијата за народот, кои ги донесе оваа власт, се најголемата закана за иднината на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ-Гладот-и-сиромаштијата-за-народот-кои-ги-донесе-оваа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани. Со бедни 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време, како што велат, сведоци сме дека функционерите на ДУИ и СДС, секој ден се богатат на грбот на народот и тоа не само они, туку и нивните деца и внуци, кои вртат милионски суми и купуваат имоти на атрактивни локации во центарот на Скопје.

Граѓаните, според опозициската партија, бараат одговорност, а одговорноста, како што додаваат, ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победата на следните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK