На 20.10.2023 во 23.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.М.(39) од Битола, поради тоа што околу 21.00 часот физички ја нападнал неговата 41-годишна поранешна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.10.2023 во 16.50 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била нападната со тврд предмет од нејзиниот брачен партнер М.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.