Средношколец вчера бил физички нападнат во кругот на средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров.
Според информациите од полицискиот билтен, случајот го пријавила мајката на малолетното момче.
„На 19.10.2023 во 18.35 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(52) од Скопје пријавила дека околу 13.20 часот во кругот на средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.