Надал: Замислував дека Новак годинава ќе освои Грен слем, тој освои три

Надал-Замислував-дека-Новак-годинава-ќе-освои-Грен-слем-тој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рафаел Надал во интервју за „ЕФЕ“ му честиташе на Новак Ѓоковиќ за неговите достигнувања оваа сезона и не штедеше комплименти кога зборуваше за големиот ривал. Надал не очекувал дека Новак Ѓоковиќ, оваа година ќе освои три Грен слем титул.



Српскиот тенисер славеше во Австралија, Франција и САД, а единствениот пораз го доживеа на Вимблдон од Карлос Алкараз.

„Сите знаеме дека Ѓоковиќ е тој што е и дека постигнал нешто историско, нешто што досега не било постигнато и можам само да му честитам. Замислував дека ќе освои Грен слем, но не замислував дека може да освои три, затоа што мислам дека во тенисот има една млада генерација која е многу моќна. Па, мислам дека Карлос имаше одлична можност на Ролан Гарос да го спречи Ѓоковиќ да освои три, но за жал тоа што му се случи физички… Иако подоцна се опорави и постигна нешто историски за нашиот спорт, на Вимблдон, и среќен сум поради тоа“, изјави Надал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK