Со одлуката да испратат десетици илјади артилериски гранати од 155 мм во Израел, Американците крајно ги разочараа Украинците, за кои првично беа наменети.
Пресвртот се должи на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, но и на фактот што израелските одбранбени сили (ИДФ) и израелското Министерство за одбрана им рекоа на американските сојузници дека итно им требаат артилериски гранати за да се подготват за копнена инвазија на Газа и потенцијален поширок конфликт, пишува Axios.