Тренчевска – Бузу: Соработката со Молдавија само може да придонесе кон повеќе можности за граѓаните

Тренчевска-–-Бузу-Соработката-со-Молдавија-само-може-да-придонесе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Женева оствари билатерална средба со Министерот за труд и социјална заштита на Молдавија, Алексеи Бузу. На средбата беше разговарано за Европскиот пат кој претстои пред двете земји до комплетна евроинтеграција.


Од страна на министерот на Молдавија беше истакнато дека е потребна поинтензивна соработка и пренесување на искуства за подготовка на министерствата за скринингот кој е дел од ЕУ преговорите, за усогласување на легислативата , но и за искористување на потенцијалите на сите вработени во министерствата во процесот на Европските преговори.

На средбата беше истакнато дека искуството на Северна Македонија во делот на подготовката за влез во Европската Унија е од особена важност за Молдавија. Особено во делот на искористените средства од ИПА фондовите и силната билатерална соработка со земјите од регионот.

Во таа насока на средбата беше потврдено дека во периодот кој што следи ќе се пристапи кон креирање на формална соработка особено во областите на активација на пазар на труд, младинска гаранција, детска заштита, но и дигитализација на системот на социјална заштита како краен приоритет на двете земји.

На крајот од средбата министрите истакнаа дека Европскиот пат е предизвик, но и дека е императив кој води кон секојдневно подобрување на двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK