Украинската безбедносна служба (СБУ) во текот на ноќта од вторник кон среда со беспилотни летала нападна воен камп во близина на воздухопловната база Калино во областа Курск, изјави за „Украинска правда“ извор од разузнавачките кругови.
Нова “бавовна” в РФ від СБУ: дронами атаковано військовий табір pic.twitter.com/LdRLcRXjxJ
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) October 18, 2023
Тој нагласи дека зад експлозиите што се слушнале во рускиот воен камп кај селото Постојаље двори стојат украински разузнавачи.
Според безбедносните служби, на наведената локација се стационирани до 3.000 руски војници и околу 80 единици воена опрема. Се утврдува точниот број на руски загуби, но извор на Украинска Правда тврди дека штетата била голема и дека биле регистрирани најмалку 18 напади со беспилотни летала врз кампот.