(Видео) Израелска телевизија објави нова снимка: „Ги снимивме ракетата и болницата, ова е доказ“

Видео-Израелска-телевизија-објави-нова-снимка-„Ги-снимивме-ракетата-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската комерцијална телевизија Кешет 12 Њуз објави своја снимка за која тврди дека покажува ракета истрелана од Палестинците во Газа, која паднала на теренот на болницата Ал Ахли.



На снимката се гледа како неколку ракети се истрелани од Газа. По неколку моменти може да се забележи експлозија во Појасот Газа. Местото каде што се случи експлозијата, се чини, се наоѓа на траекторијата на ракетите кон Израел.

„Ова е доказ кој ги потврдува израелските тврдења дека ракетите истрелани од Газа експлодирале во близина на болницата Ал Ахли во градот Газа, а не од Израел“, изјави водителката Јонит Леви.

„Ова е камера на каналот 12. Тоа е камера лоцирана во градот Нетивот (израелски град во близина на Појасот Газа) и гледа во Појасот Газа. Можете да ги видите ракетите… испукани над болница… И можете да видите експлозија. Тоа е доказ дека таа дошла од Газа“, додаде Леви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK