Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот на државата Стево Пендаровски можел да спречи измени на КЗ, но тој потрчал да ги потпише и да им се додвори на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Пендаровски експресно ги потпиша измените на КЗ, по налог на Ковачевски и Ахмети со цел криминалците од власта да не одговараат. Пендаровски можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполмува командите на Ковачевски и Ахмети. Со потпис на измените на КЗ Пендаровски буквално ги аболицираше сите функционери од СДС и ДУИ кои изминатиов период ја злоупотребувале службената положба и овластување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив претседателот Пендаровски е директно виновен за хаосот во државата и деградирањето на правото.