Соединетите Американски Држави му испраќаат на Израел амфибиска оперативна група од 4.000 морнари и маринци, кои ќе бидат позиционирани на воени бродови во случај да се прошири конфликтот меѓу милитантната група Хамас и Израел, пишува „Вашингтон пост“.
Тие ќе пристигнат во израелските води со јуришниот брод USS Bataan и ќе се приклучат на растечката американска флота, која ќе вклучува и два авиони.
Поморската единица е обучена за широк опсег на мисии, вклучително и некои специјални операции. USS Bataan и USS Carter Hall, два воени брода со персонал, беа во понеделникот во Оманскиот залив, откако неодамна го напуштија Кувајт по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави дека Америка ќе испрати воена помош за Израел.
Џо Бајден му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата дека „дополнителна помош за израелските одбранбени сили сега е на пат за Израел и ќе следи повеќе во наредните денови“.