Убиецот од Брисел загинал во престрелка со полицијата

Убиецот-од-Брисел-загинал-во-престрелка-со-полицијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот, кој во понеделникот вечерта во Брисел уби две и рани едно лице, бил застрелан во предградието на тој град, додека седел во кафуле, а министерот за внатрешни работи не ја исклучи можноста да има помагачи.


По дојава, белгиската полиција дошла во кафулето во Чербек каде седел напаѓачот Абдесалем Ласуед од Тунис и во таа прилика дошло вооружена пресметка, во која тој бил ранет.

Според белгискиот портал „Либре“, тој починал во возилото на брзата помош откако добил куршум во градниот кош додека лекарите се обидувале да го реанимираат.

„Веста за неговата смрт ја потврдија и од Обвинителството“, пишува порталот.

Порталот „ЛН24“, јавува дека полицијата во моментов трага по уште две лица.

Вознемирувачко видео снимено од случајни минувачи, наводно, покажува напаѓач на мотоцикл како демне луѓе и пука во нив, додека други слики кои кружат на интернет покажуваат тело на лице во такси.

„Идентификацијата допрва треба да потврди дека станува збор за напаѓачот. Но, голема е веројатноста дека тој е сторителот, бидејќи таму е пронајдено и оружјето со кое наводно биле извршени нападите“, изјави министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден.

Имаше спротивставени извештаи за состојбата на напаѓачот, при што белгискиот радиодифузер „ХНЛ“, објави дека белгиската полиција го убила Ласуеде откако го пронашла како седи во кафуле во северното предградие на Чербек.

Никол де Мур, државен секретар за азил и миграција, рече дека осомничениот терорист кој го изврши масакрот е по потекло од Тунис и дека тој поднел барање за азил во Белгија во ноември 2019 година, што било одбиено.

Вооружениот напаѓач од Тунис (45) уби двајца и рани еден шведски државјанин во, како што премиерот Александре де Кроа го нарече брутален терористички напад.

Во Брисел е прогласена највисока безбедносна тревога со зголемено полициско присуство, особено за шведските граѓани и државните институции, а властите ја предупредија јавноста да биде особено внимателна и да избегнува непотребни патувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK