Британска тинејџерка пријавена за исчезната, е убиена од Хамас, потврди семејството

Британска-тинејџерка-пријавена-за-исчезната-е-убиена-од-Хамас-потврди.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската тинејџерка која беше пријавена за исчезната по нападот на Хамас во Израел е убиена, соопшти нејзиното семејство. 13-годишната Јахел исчезна откако милитантите го нападнаа кибуц Бери и ја убија нејзината мајка родена во Британија, Лиан.


Членовите на нејзиното семејство потврдија за Би-би-си дека Јахел исто така е мртва. Нејзината сестра Ноија (16) и нејзиниот татко Ели, Израелец, се уште се водат како исчезнати.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера изјави дека најмалку шест британски државјани ги загубиле животите во нападите на Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK