Поранешен шеф на ЦИА: Патувањето на Бајден во Израел ја покажува сериозноста на конфликтот

Поранешен-шеф-на-ЦИА-Патувањето-на-Бајден-во-Израел-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дејвид Петреус, поранешен директор на ЦИА и пензиониран американски генерал, во интервју за Би-би-си вели дека посетата на Бајден на Израел е показател за тоа колку е сериозен овој конфликт.


„Одењето на Бајден во Израел покажува колку е ова важно за претседателството, за САД и, искрено, за нашите сојузници ширум светот“, рече Петреус.

Тој вели дека властите, исто така, внимателно ќе следат што прават другите земји во наредните денови, особено Иран.

„Не мора тоа што тие го прават директно, иако ниту тоа не може да се исклучи, туку она што го прават преку нивните сојузници, преку милитантите што ги поддржуваат во Ирак, Сирија и Либан“.

„Има многу ризик овде, има многу потенцијал за понатамошни предизвици ако војната навистина стане регионална“, вели тој, додавајќи дека военото раководство на Израел „јасно ја разбира големината на она што претстои“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK