Телохранителот на Тејлор Свифт се врати во Израел да се бори против Хамас

Телохранителот-на-Тејлор-Свифт-се-врати-во-Израел-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Личниот телохранител на поп-ѕвездата Тејлор Свифт се врати дома во Израел за да се бори против Хамас, јавуваат странските медиуми.


„Вараети“ потврди дека бодигардот, кој сака да го задржи своето име анонимно, одлучил да ја напушти Америка за да им се придружи на резервистите на ИДФ бидејќи ги видел  нападите на Хамас врз израелските граѓани.

Новинарот Еран Свиса од израелската новинска страница „Израел хејом“ (Israel Today) ја сподели веста на „Тик-ток“, каде напиша дека неименуваниот бодигард, кој наводно бил член на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да дојде во САД, се вратил во својата татковина бидејќи не можел да стои настрана додека семејствата ги убиваат во нивните домови.

Преку социјалните мрежи телохранителот ги повика другите да не стојат на страна не правејќи ништо. „Немојте да бидете на погрешната страна на историјата,“ порачува младиот човек.

Тој дури и сподели фотографија во униформа на својот „Фејсбук“ во неделата.

Инаку, станува збор за телохранителот кој стана вирален хит пред неколку месеци кога се појави видео на кое се гледа како детално ја проверува публиката на концертот на Тејлор Свифт за да ја заштити пејачката.

Свифт, досега, јавно не кажа ништо за војната меѓу Израел Хамас. Поп-ѕвездата моментално го промовира излегувањето на концертниот филм Eras Tour, кој викендов се најде на врвот на киноблагајните низ САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK