Русите ја пробиваат украинската одбрана во близина на два важни града

Русите-ја-пробиваат-украинската-одбрана-во-близина-на-два-важни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија има намера да ја пробие украинската одбрана во областа на градовите Купјанск и Лиман, по интензивирањето на борбите, изјави командантот на украинските копнени сили.


На видеото објавено од украинските копнени сили се гледа нивниот командант, генералот Олександр Сирски, како ги посетува војниците и вели дека борбите во областите Купјанск и Лиман „значително се интензивирале“.

„Непријателот се подготвува, сериозно се подготвува за офанзивна акција“, вели Сирски во видеото објавено на Телеграм. „Главната цел е да ја пробие нашата одбрана и повторно да ја освои нашата територија“, додаде тој.

Враќањето на градовите Купјанск и Лиман, кои се наоѓаат во близина на вториот по големина украински град Харков, минатата година беше клучен чекор во напредувањето на украинската армија и протерувањето на руските сили од некои делови на Донбас. Руското Министерство за одбрана ја призна зголемената воена активност во областа, велејќи дека нејзините војници одбиле десет украински напади во областа Купјанск и уште два во областа Лиман.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK