Фудбалер на Ница преку видео повика на „црн ден за Евреите“, градоначалникот со осуда и барање за извинување

Фудбалер-на-Ница-преку-видео-повика-на-„црн-ден-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одбранбениот фудбалер на Ница, Јусеф Атал кој е по потекло од Алжир, објави видео на социјалните мрежи во кое повикува на „црн ден за Евреите“ среде конфликтот меѓу Израел и Палестина, пренесува „RMC Sport“.


Фудбалерот подоцна го избриша видеото. Набрзо по објавата одговори и градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, кој побара извинување од играчот.

– Го чекам Атал да се извини и да ги осуди терористите на Хамас. Ако не го направи ова, тогаш повеќе нема да има место во нашиот клуб, соопшти Естроси.

Забележано е дека Ница сè уште не го коментирала тоа што се случи. Пред скандалозната објава Атал објави фотографија на која е со палестински шал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK