Полицијата затвори еден од главните плоштади во Варшава денеска околу пладне, откако маж се качи на споменик и се закани дека ќе се разнесе со бомба што наводно ја имал во чантата.
Споменикот, кој е посветен на жртвите од авионската несреќа во Смоленск во 2010 година, беше тема на политичка тензија меѓу владејачката партија Право и Правда (ПиС) и нејзините противници, а денешниот инцидент се случува ден пред изборите. Сепак, нема индикации дека двете прашања се поврзани.
Денеска околу 11:30 часот дописничката на Би-би-си Сара Рејнсфорд објави фотографија од прозорецот на нејзиниот хотел со поглед на плоштадот Пилсудски. На неа беше прикажан човек кој стои на врвот на споменикот за Смоленск.
Рејнсфорд објави дека полицијата ги блокирала локалните улици и им наредила на гостите да останат во хотелот. Отприлика во исто време, полицискиот штаб на Варшава објави дека „од безбедносни причини, плоштадот Пилсудски и околината се затворени за сообраќај. Полициски службеници се излезени на терен“.
Портпаролот на полицијата подоцна ја информира полската новинска агенција (ПАП) дека преговарачите разговарале со човекот и дека неколку стотици полицајци, вклучително и сили за борба против тероризмот, биле распоредени во областа.
Тој одбил да ги потврди или да ги негира информациите дека мажот држел нешто во раката и се заканувал дека ќе активира експлозив во ранецот.
Малку пред 14 часот полицијата соопшти дека го привела мажот откако преговарачите успеале да го отстранат од споменикот.
An unidentified man threatens to detonate a 💣 on the Pilsudski Square in downtown Warsaw 🇵🇱. The police is trying to diffuse the situation. pic.twitter.com/rWA6dgChKR
— 1 Star General (@laowaiaround) October 14, 2023