Западот не се откажува од обидите да ги „разбие во сите правци“ земјите-членки на Заедницата на независни држави, да ги ослабне и да ги потчини на нивните интереси, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Ќе ве потсетам дека главната цел на создавањето на Заедницата беше да не се дозволи прекин на врските по распадот на Советскиот Сојуз. Тоа не им одговараше и сè уште не им одговара на нашите конкуренти, Западот, кој и сега не се откажува од обидот да не распарчи, ослабне и потчини на своите интереси“, изјави Лукашенко во Бишкек на самитот на ЗНД, како што објави „Пул первого“.
Претседателот на Белорусија исто така апелираше за покритична проценка на ситуацијата во Заедницата и да не се закопа главата во песок.
„Гледаме дека сите стари конфликти кои ни беа наметнати во еден момент, неминовно излегуваат на виделина со многу тажни последици. Фала му на бога што не само што имаше начини за решавање на овие конфликти, туку и некои од нив беа успешно решени“, нагласи тој.
Во Бишкек денеска се одржува самит на лидерите на Заедницата на независни држави. Прво лидерите ќе се сретнат во тесен формат, а потоа средбата ќе продолжи во проширен формат со учество на делегации, пренесува Спутник.