Холандските обвинители соопштија дека казниле група компании за кршење на санкциите на ЕУ кон Русија во периодот од 2014 до 2017 година со сервисирање на изградбата на мостот кон Крим.
Фирмите мора да платат казни во вкупен износ од 160 илјади евра, а казнети се и осум физички лица, со општокорисна работа во интервал од 20 до 60 часа.
Компаниите испорачувале машини и машински делови и давале услуги во проектот за изградба на мостот долг 19 километри преку Кримскиот теснец, соопшти обвинителството.
„Мостот на Крим е изграден делумно благодарение на холандското знаење и експертиза“, додаваат тие.
Со испорака на забранети стоки и услуги, една компанија остварила приход од 71.330 евра, кои биле конфискувани од холандското обвинителство. Канцеларијата не ги прецизираше имињата на казнетите фирми.