Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 1.417 лица.
Меѓу нив има 447 деца, соопшти попладнево Министерството за здравство во Газа. Повредени се најмалку 6.268 луѓе.
Израел континуирано ја бомбардира густо населената и сиромашна палестинска крајбрежна енклава и го запре влезот на храна, гориво и лекови, создавајќи страшни услови за цивилите во Газа, со која владеат исламистичките милитанти на Хамас. Објавена е снимка од дрон на која се гледа целосно уништената Газа.
🇮🇱🇵🇸 If Palestine ever unleashed this level of destruction upon Israel, nukes would be launched immediately. pic.twitter.com/tLKJaQiY3W
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) October 12, 2023
Израел фрлил околу 6.000 бомби врз Појасот Газа од почетокот на борбите во саботата, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Израелските власти соопштија дека 1.200 луѓе биле убиени, а уште 3.000 ранети во напад на Хамас врз заедници и музички фестивал во близина на Појасот Газа во текот на викендот.