Вчера околу 16 часот и 20 минути на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ од слобода бил лишен 34-годишниот И.Е. од Република Турција со времен престој во Тетово.
Тој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 38-годишна сопруга дека претходниот ден физички ја нападнал неа и нивно малолетно дете.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.