Кирби: Америка нема да и помага на Украина бесконечно

Кирби-Америка-нема-да-и-помага-на-Украина-бесконечно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Америка нема да дава воена помош за Украина на неодредено време, изјави координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби.


„Денеска објавивме пакет помош од 200 милиони долари и ќе продолжиме да помагаме колку што можеме, но помошта нема да биде бесконечна“, рече Кирби.

Како што додаде тој, САД имаат можност да ги поддржат и Украина и Израел „на краткорочна перспектива“, но тој не прецизираше за која временска рамка станува збор.

Кирби објасни дека многу зависи од интензитетот со кој израелските одбранбени сили ќе ја трошат муницијата и колку израелскиот воено-индустриски комплекс ќе може да ја снабдува својата армија со гранати.

За потсетување, во саботата военото крило на палестинското движење Хамас ја најави операцијата против Израел. Тогаш израелската армија го објави започнувањето на операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата рече дека земјата е во воена состојба и додаде дека наредил мобилизација на резервите. Израелската армија ги расчистува населените места.

Медиумите потсетуваат дека палестинско-израелскиот конфликт, заснован на територијалните интереси на страните, со децении е фокусна точка во регионот.

Со одлука на Обединетите нации, со активна улога на СССР, во 1947 година беше утврдено дека ќе се формираат две држави – Израел и Палестина, но беше основана само израелската држава, пренесува Спутник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK