Германија претстави нов пакет поддршка за Украина во вредност од околу една милијарда евра. Програмата ќе опфати воздушна одбрана, оружје и копнени возила.
„Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со она што и е најитно – противвоздушна одбрана, муниција и тенкови. Со овој нов зимски пакет дополнително ја зголемуваме оперативната подготвеност на украинските вооружени сили во наредните месеци“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.