Партијата Македонски Концепт бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Ова барање, како што велат од партијата, следи по последното симптоматично и проџихадистичко однесување на Османи, кој одби да ги именува нападите на Хамас врз Израел како терористички од терористичка организација.
„Првиот чекор да го направи како МНР на Македонија и да го следи примерот на САД, на кои толку многу се повикува и претставува во нивно име. Тој билатерален акт оди во интерес на македонската кауза, има историски и актуелни оправдувања, за што ќе ја има поддршката и од нашата партија.
Во очекување на првиот чекор на „прозападниот и проамерички“ министер Османи во таа насока, силно го охрабруваме и му даваме соодветна препорака“ соопштија од Македонски концепт.