Герасимовски: Од Општина Центар започнува промоцијата на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата

Герасимовски-Од-Општина-Центар-започнува-промоцијата-на-протоколот-за-постапување.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Општина Центар започнува промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК на барање на родители чии деца имаат дијагностициран дијабетес тип 1. Прирачникот е наменет за воспитниот и наставниот кадар и има за цел да ги запознае вработените со основните постулати на дијабетесот, терапевтските можности и контролата на гликемијата. Денеска во објектот „Пепелашка“ клон на градинката Р.Ј. Корчагин покрај градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Наташа Д. Димитревска претседателката на Баланс МК.


„Исклучително е важно воспитниот и наставниот кадар во училиштата и градинките да го имаат и да го следат овој прирачник за децата и учениците кои имаат дијабет тип 1. Трендот на деца дијабетичари расте па оттука и потребата за едукација и негова контрола. Во Општина Центар се запишани вкупно 10 дечиња кои имаат дијабет тип 1 и за сите нив е потребно знаење доколку настане состојба на хипер гликемија. Се надевам дека следејќи го овој прирачник, наставниот кадар во училиштата и градинките ќе биде спремен соодветно да одговори. Исто така и радува фактот што во прирачникот има и низа илустрации и за другарчињата кои исто така можат да учествуваат во грижата на нивните соученици, деца со дијабетес тип 1. Сите ние мора да се запознаеме со сите предизвици кои ги носи денешницата, образованието е законско право за сите деца, а ние носиме одговорности да обезбедиме соодветна грижа и услови“, изјави Герасимовски.

Прирачникот дава упатства за најчестите проблеми и предизвици во кои може да се најде детето, при што навремената и соодветната реакција е најважна. Овој прирачник е дел од неопходните документи кои треба да ги има секоја установа каде што престојуваат деца со дијабетес тип 1. Општина Центар ќе продолжи да одговора на сите предизвици кои ги бараат децата за да можат да се вклучат во воспитниот и образованиот процес. Образовниот процес е законско право на секое дете, а обврската на локалната самоуправа е да обезбеди соодветни услови за престој и безбедно згрижување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK