Вчера во 12 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 70-годишниот А.Р. од Камењане и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувал малолетник од ова село.
Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка Болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово