Министерството за надворешни работи на Непал соопшти дека десет Непалци се убиени во судирите во Израел. Во исто време, француското Министерство за надворешни работи соопшти дека во судирите е убиен еден француски државјанин, а осуммина се водат како исчезнати.
Министерството за надворешни работи на Тајланд денеска соопшти дека од избувнувањето на новиот бран конфликти во Израел загинале 12 државјани на таа земја, 11 се киднапирани, а осуммина се ранети.
„Работиме на обезбедување помош на сите тајландски граѓани во Израел“, рече портпаролката на министерството Канчана Патарачока.
Да потсетиме, телата на 260 луѓе беа пронајдени токму на местото каде што се одржува фестивалот на техно музика, недалеку од границата со Газа. Ова е една од локациите кои во саботата ги нападнаа припадници на Хамас. На Фестивалот имаше многу странски државјани.