Шведска најави нов пакет воена помош за Украина

1693323259_ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведската влада одлучи да и испрати на Украина нов пакет воена помош во вредност од 2,2 милијарди круни (199 милиони долари), кој главно се состои од муниција и резервни делови за претходно донирани борбени системи, објави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон, пренесува Sky News.


Новиот пакет воена помош за Украина е вкупно 14-ти од почетокот на војната, со што вкупната вредност на помошта на оваа нордиска земја ќе достигне нешто повеќе од 22 милијарди круни.

Јонсон на прес-конференција рече дека владата и официјално ги задолжила вооружените сили да анализираат дали Шведска ќе може да испрати борбени авиони Јас Грипен во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK