Администрацијата на јапонската нуклеарна централа Фукушима, уништена во март 2011 година од цунами, објави дека во четвртокот ја започнала втората фаза на испуштање на прочистена радиоактивна отпадна вода во морето, откако првата фаза заврши непречено.
Компанијата „Tepco“, која е оператор на Фукушима, објави дека работниците активирале пумпа која ја разредува прочистената вода со додавање на големо количество морска вода, која потоа полека се испушта во океанот преку мрежа од подземни тунели, пренесува АП.
На испуштањето на отпадни води, кое се очекува да трае со децении, остро се спротивставија здруженијата на рибари и соседните земји, вклучително и Јужна Кореја, каде стотици луѓе организираа протестни собири.
Кина целосно го забрани увозот на јапонски морски плодови, предизвикувајќи сериозна штета на јапонските рибари и извозниците на морска храна.
Првата фаза на испуштање на отпадните води од фабриката започна на 24 август, а заврши на 11 септември.
За време на првата фаза од испуштањето, „Tepco“ соопшти дека 7.800 тони пречистена вода биле испуштени од 10 акумулации.
Во втората фаза од испуштањето вода, „Tepco“ планира да испушти уште 7.800 тони пречистена вода во Тихиот Океан во текот на 17 дена.