Девојка била малтретирана од претпоставениот офицер во војска, па се самоубила: телото и било пронајдено во кампот Лахрил

Девојка-била-малтретирана-од-претпоставениот-офицер-во-војска-па-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







19-годишната Џесли Бек извршила самоубиство откако подолг период трпела сексуална злоупотреба од претпоставениот, покажале резултатите од истрагата.

Нејзиното тело беше пронајдено во декември 2021 година во кампот Лархил.

Во извештајот кој потоа беше објавен, се наведува дека „подолг период била изложена на непријатното однесување на нејзиниот претпоставен“.

Нејзиниот шеф, офицер кој не е именуван од правни причини, бил задолжен за давање наредби на Џесли.

Џесли им кажала на пријателите и семејството дека на почетокот го гледала својот шеф како пријател и се трудела да биде разбирлива, но неговото однесување станало неподносливо.

Во октомври 2021 година, таа примила 1.000 пораки но следниот месец тој број се зголемил на 3.500.

Тој наводно сакал да биде во врска со Џесли, што таа го одбила бидејќи во тоа време имала момче.

Џесли се приклучила на војската на 16-годишна возраст. Нејзината мајка за Би-Би-Си изјавила дека нејзината ќерка носи светлина каде и да се појави. Мајката вели дека неколку дена пред смртта почнала да се плаши поради однесувањето на претпоставениот.

Ја терала ќерка си да го пријави претпоставениот, но Џесли не го сторила тоа бидејќи не сакала да го повреди.

Воен портпарол рече дека нивните мисли се со семејството и пријателите на Џесли во тешкиот момент.

„Армијата ги прифати сите 18 препораки наведени во извештајот, а 15 од нив се веќе спроведени“, соопштено е.

Како умре Џесли ќе се знае дури кога истрагата ќе биде целосно завршена, пренесуваат локалните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK