Мицкоски: Глупост е тврдењето дека сами на себе си ставаме вето, тој што го прифати срамниот договор и сега не може да испорача го донесе ветото

Hristijan Mickoski_34543545443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија истакна дека тврдењето на власта дека сами на себе си ставаме вето е глупост и лудост.

„Тоа е лудост и глупост, затоа што тој кој што го прифатил овој договор без да се консултира со главната политичка опција во државата и со народот си ставил самиот на себе вето. Бидејќи сега не може тоа да го испорача“, рече Мицкоски.


Тој додаде дека триото Пендаровски – Ковачевски – Османи си ставија вето сами на себе бидејќи не можат да испорачаат тоа што потпишаа.

„Кога тие го прифатиле ова без да направат поширока консултација, тогаш тие направиле клучна политичка грешка, затоа што прифатиле нешто што не можат да исполнат“, нагласи Мицкоски.

„Ако не прашаа ќе им кажевме дека ние ова нема да го поддржиме , па ќе чекавме нов предлог. Немаше тогаш да влегуваат во ваква авантура и да го држат општеството и јавноста во Македонија под тортура и притисок на една тема“, појасни тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK